За нас

Teteks Yarn Group претставува континуитет на фабриката за производството на волница за рачно плетење и индустриски предива која беше дел од големиот текстилен комбинат ТЕТЕКС, основан во 1951 година во Тетово, Република Македонија.
Традицијата што ја негува овој бренд обврзува и во иднина Teteks Yarn Group да продолжи со производство на волница и индустриски предива со висок квалитет и голем асортиман.
Во 2007 беше формирано акционерско друштво помеѓу Тетекс и поранешните партнери под име Teteks Yarn.
Од крајот на 2011 мнозински сопственик е бугарскиот инвеститор, компанијата за големопродажба Svepol JSCo. Од овој датум компанијата го менува името во Teteks Yarn Group.
Се одликуваме со: Професионализам , флексибилност со рокови, тенденција за развој и модернизација.


Производство

Фабриката произведува волница за рачно плетење и индустриско предиво. Индустриското предиво се пласира во фабриките кои произведуваат ќебиња, плетена облека и килими. Во најголем дел од фабриката се произведува и продава волница за рачно плетење, што всушност опфаќа 90% од прометот. 
Произведуваме волници од 100% волна, 100% акрил, 100% полипропилен, волна-акрил, како и мешавини од други оплеменети и синтетички влакна.
Според барањата на клиентите можеме да произведуваме од Nm 1 дo Nm 60, до 6-жичано предиво во уни-бои, како и мулине, принтани и меланжирани бои.    
Правиме клопчиња со тежина од 30-500 грама. 
Применувајќи ги своите способности можеме да ја постигнеме бараната мекост, екстра и обична мекост.
Поседувамe опрема за печатeње со која произведуваме предиво во повеќе бои – за пулувери, чорапи од 100% волна, 100% акрил, мешавини, како и 75% волница super-wash – 25% полиамид (особено за чорапи).
Произведуваме камгарно и штрајгарно предиво . Вкупното годишно производство изнесува 1200 тони, од кои 95% се наменети за извоз.
Произведуваме волница од волна, акрил и волна–акрил како и индустриско и тепихарско  предиво  за домашниот  и Европскиот пазар.


Зошто да се даде предност на волната

Уште во праисторијата човекот ги користел кожата и руното од овците како заштита од надворешните влијанија. Тој тренд продолжил и се одржал низ историјата, се до денешен ден, независно од пронаоѓањето на најразлични влакна за предење. Ова се должи на одличните изолациски способности на волната кои не можат да се постигнат со ниеден друг материјал. Се користи и во екстремно ладните, и во врелите пустински предели. Ништо не може да ја замени топлината, удобноста и нежното чувство што ни го дава волната.


За основачите

ТЈГ ДОО е формирана кон крајот 2011 година од компаниите Svepol JSCo Софија, Република Бугарија и Трансшпед Вито Дооел Скопје, Република Македонија. Компанијата Свепол се занимава со трговија со акрилни суровини, резервни делови за машини и други помошни материјали за текстилната индустрија. Компанијата Трансшпед Вито ДООЕЛ Скопје, се занимава со шпедитерски услуги.